Поврзете се со нас

АТП

Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Организаторите на тенискиот грен-слем Вимблдон ја повлекоа забраната за настап за тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија и тие ќе можат да се натпреваруваат на годинешното издание на престижниот турнир.

Вимблдон минатата година забрани учество на тенисерите од двете земји како реакција на рускиот напад на Украина, за сега тие да добијат дозвола да учествуваат како претставници на „неутрална“ земја.

Забраната е повлечена и од турнирите во Квинс и Истбурн, додека организаторите и натаму ги условуваат тенисерите да не смеат да изразат поддршка за властите во Русија и Белорусија, ниту пак да користат нивно финансирње.

Одлуката значи дека тенисери како Медведев, Рубљов, Касаткина и Сабаленка ќе можат да се борат за титулата во Лондон, а истовремено ги налути украинските власти кои ја оценија како „неморална“.

Годинешното издание на Вимблдон започнува на 3. јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни