Поврзете се со нас

Англија

Вилшир шокиран откако Арсенал „шутна“ голема легенда: Не можам да поверувам, што се случува во клубот? (Фото)

Објавено

на

Арсенал денеска ја информираше јавноста дека легендарниот Стив Болд останува без работа поради реструктура на менаџерските задачи во младинските школи, одлука која наиде на низа негативни реакции во јавноста, а пред се меѓу повозрасните фанови на клубот од Северен Лондон.

Како прославен стопер, Болди цели 11 години го носеше дресот на Арсенал во 90-тите години на минатиот век, но по крајот на играчката кариера, повеќе од две децении беше во клубот како важен дел од младинскиот погон.

По 33 години во клубот, Болд денеска мораше да се помири со отказот кој го заработи од Арсенал, па во низата критиките од страна фановите се приклучи и еден играч кој всушност е продукт на 58-годишниот Англичанец.

Станува збор за Џек Вилшир, играчот за врска кој во овој момент е без ангажман, но кој своевремено важеше за еден од најперпективните млади фудбалери во Англија благодарение на Болди.

– Не можам да поверувам. Уште еден виситнски човек на Арсенал си оди! Што ли се случува?? Каков тренер и каков човек…. Ти посакувам се најдобро Болди, – порача Вилшир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни