Поврзете се со нас

Англија

Вилшир: Озил може да игра во секој тим во ПЛ, има нешто што не го знаеме

Објавено

на

Месут Озил веќе одредено време е „замрзнат“ во Арсенал и менаџерот Микел Артета кој одлучи воопшто да не смета на неговите услуги.

Оваа одлука на Артета за многумина беше изненадување со оглед на тоа што Озил е член на клубот, играч кој има напревено, освоено многу низ кариерата за да сега биде исклучен во ситуација кога постојано има натпревари, распоредот е згуснат, а секако има и многу повреди.

Зошто Месут беше „избришан“ никогаш јавно не беше кажано, но според Џек Вилшир мора нешто да постои бидејќи квалитетот не е во прашање, поточно според него за Германецот има место во секоја екипа од Премиер лигата.

-Да, јас сум изненаден бидејќи играв со него и обозажав тоа да го правам со него. Навистина уживав и тој е еден од најдобрите со кои сум играл, така, да, јас сум изненаден. Ама очигледно има нешто што не знаеме затоа што играч со негов квалитет треба да игра.

-Мислам дека може да биде дел од било кој тим во ПЛ, тоа е мое мислење. Да не добиеш шанса да се бориш за своето место, тоа е тешко да се разбере. Ама мора да има причина, не знам, -вели Џек кој се уште го нема решено клупското прашање откако си замина од Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни