Поврзете се со нас

Англија

Вилшир откри дека Обамејанг не е најбрз играч во Арсенал: Изненаден сум од спринтерскиот тренинг

Објавено

на

Џек Вилшир од мината седмица има пристап во тренинг комплексот на Арсена и е редовен дел од тренинзите на првиот тим кој го води Микел Артета, откако клубот од Северен Лондон одлучи да му подаде рака на својот некогашен најголем талент од Академијата.

Вилшир е во потрага по нов клуб и нов предизвик и ќе тренира со Арсенал со цел да остнане во ритам и во врвна форма, но како редовен дел од тренинзите на „топчиите“, Џек почна да открива и интересни детали од тестовите кои се прават за време на вежбите.

Како гостин во студиото на „Ток Спорт“, Вилшир призна дека останал изненаден од фактот дека Обамејанг не е најбрз играч во Арсенал, бидејќи на спринтерскиот тест, веќе извесно време најдобар бил левиот бек од Шкотска, Киран Тирни.

– Имавме спринтерски тест пред неколку дена и во главата имав само едно прашање.

– На тренерот задолжен за фитнес, му поставив прашање дали Обамејанг е најбрз играч во тимот. Одговорот беше „Не“, најбрз е Киран Тирни и се уверив во тоа. Навистина многу се изненадив, – порачува Вилшир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни