Лига на шампиони
Вилшир ги „поздрави“ трите легенди на Барса: Не научив ништо од нив, ги ставив во џеб на теренот (Фото)

Џек Вилшир пред пет дена стави крај на периодот во кој немаше клуб од стартот на натпреварувачката сезона, откако успеа да постигне краткорочен договор со Бурнмаут до крајот на месец јуни.
Поранешниот фудбалер на Арсенал остана без клуб во последниот ден од летниот преоден рок и раскинот со Вест Хем направи да биде фудбалски неактивен во изминативе пет месеци, па откако и официјално стави потпис на договорот со клубот за кој претходно играше во Премиер лигата, сега се насочува кон една нова реалноста за него, односно играње во втората англиска лига.
По повод пронаоѓањето на нов предизвик, Вилшир одработи една интересна сесија на Твитер и им посвети внимание на своите фанови, а со еден одговор посебно го привлече вниманието.
Еден од фановите го потсети на неговото вонсериско издание против Барселона на „Емирејтс“ во 2011-та година, натпревар на кој Арсенал славеше со 2:1, а на кој Вилшир беше убедливо најдобар на теренот. Фанот го запраша што научил од Иниеста, Чави и Бускетс на таа прва осминафинална средба, а одговорот на Англичанецот беше доста провокативен.
– Не научив ништо од ниту еден од нив, бидејќи тројцата ги ставив во џеб таа вечер, – одговори Вилшир кој во реваншот заедно со неговите соиграчи беше поразен со 3:1 и Барселона патуваше во следната фаза во ЛШ.
Couldn’t learn much, they all spent the night in my pocket 🤣🤣 https://t.co/HfmnNdZeVB
— Jack Wilshere (@JackWilshere) January 22, 2021

- Англијапред 14 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 11 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 23 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Италијапред 9 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 15 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 13 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 23 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)
- Англијапред 10 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим