Англија
Вилшир: Арсенал сигурно ќе ја освоеше титулата во Премиер лигата ако…
Џек Вилшир долги години беше дел од Арсенал, прво играше во младинските категории за да од 2008 до 2018 година настапува за првата екипа на тимот од северен Лондон.
Меѓутоа за време на овој период Вилшир не можеше да се радува на многу успеси, титули со „топчиите“ со исклучок на оние две во ФА Купот и Комјунити Шилд во 2014 година. Според Џек оваа приказна можела да биде сосема поинаква ако клубот низ годините не ги пуштал своите ѕвезди како Ван Перси, Фабрегас, Насри…односно е убеден дека со нив Арсенал сигурно ќе ја освоел Премиер лигата.
-Бев уништен (по заминувањето на Ван Перси во Јунајтед). Тој даде 30 голови во претходната сезона, беше наш капитен. Се чувствуваше како да сме подготвени да ја нападнема титулата и кога тој одеднаш замина во во нашиот најголем ривал. Беше навистина тешко да се прифати.
-Бев таму кога си замина Фабрегас, Насри си замина, големи играчи. Ако го сочувавме тој тим заедно, мислам ќе ја освоевме Премиерлигата – и кој знае што од таму, -рече Вилишир кој ја објасни одлуката за заминување од Арсенал.
-Седнав со семејството и со сопругата. Арсен најави дека заминува и се чувствуваше како вистинско време понатаму да се продолжи. Јас претходно тоа го направив, знаев каков е животот надвор до Арсенал. Само што мислев дека е вистинско време да продолжам понатаму. Времињата се менуваа во Арсенал.
-Зборував со новиот менаџер кој рече: Можеш да останеш, ама не си во мојата почетна единаесетка. Арсен знаеше што можам да направам и веруваше во мене. Знаев дали ќе се вклопам, ќе играм, таа вибрација не ја добив од Емери. Беше тешко, -заврши сегашниот член на Вест Хем.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Италија10 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)