Формула 1
Вилнев објасни зошто Ферстапен не е „вистински“ шампион: Мора да влезе во одбрано друштво

Минатиов викенд се одржа трката за Големата награда на Канада на која најдобар, најбрз беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.
Холанѓанецот најдобро се снајде на стазата во Монтреал или поточно ја потврди пол позицијата која ја освои во квалификациите со тоа што во неделата најголем ривал му беше Карлос Саинц од Ферари.
Ова за Макс беше прво славје во Канада, а по истото интересен коментар имаше некогашниот Ф1 шампион Жак Вилнев.
-Разочаран сум што Макс не влезе во клубот на асовите кои барем еднаш удриле во „Ѕидот на шампионите“ на излезот од последниот свиок. Само кога тоа ќе го направи ќе биде вистински шампион, -порача Вилнев ни насмевка.
-Јас прв тоа го направив, потоа Михаел Шумахер, Дејмон Хил, Џенсон Батон, Себастијан Фетел. Значи Макс мора да удри во ѕидот и да влезе во одбрано друштво, -дополни Канаѓанецот.
Ферстапен е водечки во генералниот пласман со 175 поени, втор е неговиот клупски колега Серхио Перез со 129, додека трет е Шарл Леклер со 126 бодови.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 18 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика