Поврзете се со нас

Формула 1

Вилнев го советува Ботас за дуелот со Хамилтон: Искористи го рецептот на Розберг

Објавено

на

Валтери Ботас и сезонава има добар болид и резултати со кои одвреме навреме му парира на клупскиот колега Луис Хамилтон, но веќе заостанува во генералниот пласман зад актуелниот светски шампион.

Жил Вилнев како некогаш шампион во Формула 1 испрати порака до Финецот, советувајќи го кој е вистинскиот начин да го победи Хамилтон.

Во минатото серијата на Хамилтон ја прекина Нико Розберг, а според Вилнев, Ботас треба да го искористи рецептот на Германецот со фински корени.

– Розберг е единствен кој го победи Луис Хамилтон со истиот потенцијал на болидот со кој располагаше и Британецот.

– Нико успеа откако влезе во главата на Луис и направи тој да се сомнева во себеси, во тимот и се останато. Хамилтон целосно ја загуби самодовербата и титулата.

– Валтери треба да престане да размислува што ќе се случи ако постапи вака или онака. Треба да дејствува на патеката и да го извади Хамилтон од комфор зоната, тогаш ситуацијата ќе биде порамноправна, – изјавил Вилнев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни