Поврзете се со нас

Франција

Виљаш- Боаш упати жестока провокација на адреса на ПСЖ по вчерашниот пеколен натпревар

Објавено

на

Тренерот на Марсеј, Андре Виљаш- Боаш по вчерашниот натпревар кој имаше доста бурен крај даде доста зајадлива изјава во врска со ПСЖ.

Неговиот тим го победи фаворизираниот домаќин со 1:0 на „Паркот на Принцовите“, а на крајот од средбата имаше немил инцидент по кој беа покажани дури пет црвени картони.

Во целата таа збрка „масло на огнот“со својата изјава долеа и португалскиот стратег кој упати провокација до моќниот ПСЖ.

– Доминираат десет години во Франција, но потрошија милјарда за да го постигнат тоа. Треба да се даде важност на тоа што го прават во Франција, но тие инвестираа за да ја освојат Лигата на шампионите, а кога и да се обидеа во тоа не успеваа, -изјави Виљаш- Боаш кој потоа истакна дека и Тухел му испратил провокација велејќи му дека треба да игра лото, на што стратегот на Марсеј не му премолчел.

– Тоа беше нормално по крајот на натпреварот. Тухел ми рече дека треба да играм лото, а јас му реков дека тој сигурно играл лото пред натпреварот со Аталанта, -заврши Виљаш-Боаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни