Поврзете се со нас

Англија

Вилјаш Боаш открива: Абрамович збесна поради еден трансфер на Реал

Објавено

на

Foto:instagram.com/officialandrevillasboas

Андре Вилјаш Боаш како надежен млад стручњак пристигна на „Стемфорд Бриџ“ и многумина го споредуваа со Жозе Мурињо, но реалноста е дека поранешниот тренер на Порто не оствари ниту одблиску идентичен успех како оној на неговиот познат сонародник.

Доскорешениот предводник на Марсеј се задржа само една година во Челси и заработи отказ од Роман Абрамович, за кого Вилјаш Боаш сега откри една интересна приказна, поврзана за трансфер епилог кој го разбеснил рускиот олигарх.

Португалецот открива дека Лука Модриќ бил примарна цел на Абрамович пред Хрватот да се пресели во Реал Мадрид, но на крајот, не успеал да ја доведе ниту резервната опција за хрватскиот маестро.

– Ние ја пропуштивме шанса да го донесеме Модриќ во Челси. Роман даде едно ветување, а тоа беше дека ќе го доведе или Модриќ, или Мутињо. Тоа што никој не дојде, не е вина на тренерот.

– Мислев дека го имаме договорено Модриќ, но тој заврши во Реал Мадрид. Роман збесна, бидејќи не го добивме Лука, но не го добивме ниту Мутињо. Во фудбалот, понекогаш детали одлучуваат дали ќе имате добро, или лошо менаџирање, – вели Вилјаш Боаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни