Франција
Вилјаш-Боаш останува на клупата на Олимпик Марсеј
Раководството на Олимпик Марсеј ја информираше јавноста дека досегашниот тренер Андре Вилјаш-Боаш одлучил да остане на истата функција и наредната сезона.
По заминувањето на неговиот близок соработник Андони Зубизарета, се шпекулираше дека и Португалецот ќе го напушти „Велодром“, но разговорите меѓу двете страни донеле позитивен исход.
Марсеј претходно соопшти дека ќе му понуди нов двегодишен договор на Вилјаш-Боаш, а сега во изјавата до медиумите потврди дека нема да бара нов тренер за наредната сезона.
Вилјаш-Боаш му го обезбеди второто место на Олимпик во сезоната која беше порано завршена, што значи дека ќе го предводи тимот и во Лигата на шампионите, натпреварување во кое оваа екипа нема учествувано од сезоната 2013/14.
Претходно, тренерот на Марсеј изјави дека пред да ја донесе одлуката, ќе разговара со челниците за да дознае какви планови имаат за претстојниот преоден рок.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!