Поврзете се со нас

Свет

Вилјаш-Боаш ќе се кандидира за претседател на Порто

Објавено

на

Foto:instagram.com/officialandrevillasboas

Андре Вилјаш-Боаш освои трофеи со неколку клубови, но одамна нема тренерски ангажман, а сега решил да влезе во трката за нов претседател на Порто.

Вилјаш-Боаш освои двојна домашна круна и триумфираше во Лига Европа со екипата на Порто, по што ја прифати понудата на амбициозниот Челси, подоцна беше менаџер и на Тотенхем, а последниот тренерски ангажман му беше во Олимпик Марсеј.

Сега 46-годишниот стручњак сака да го преземе раководењето на својот поранешен клуб и ќе му биде противкандидат на актуелниот претседател Пинто Да Коста.

Да Коста е 40 години повозрасен од Вилјаш-Боаш, но управува со Порто од 1986 година и во тој период донесе многу успеси и трофеи за португалскиот великан.

– На Порто му требаат промени и сакам да бидам предводник во таа фаза на трансформација. Ова не значи дека не сме му благодарни на Да Коста, туку клубот е во поинаква фаза во која му се потребни промени, – изјавил Вилјаш-Боаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни