Вилјаш Боаш ја прекина тренерската кариера за да дебитира на Рели Дакар

villas-boas

Португалскиот стручњак Андре Вилјаш-Боаш привремено ќе го стави фудбалот во втор план и ќе започне подготовки за настап на Релито Дакар кое ќе се одржи на почетокот на следната 2018 година.

Вилјаш-Боаш поднел оставка на тренерската позиција во кинескиот прволигаш Шангај СИПГ и на Релито Дакар ќе настапи заедно со поранешниот професионален мотоциклист Рубен Фарија. Интересно е што Португалецот сакал да настапува во конкуренција на мотоциклисти, но го прифатил советот сепак најпрвин да се обиде во конкуренцијата на автомобили.

– Настапот на Релито Дакар е моја животна амбиција и нешто што знам дека мора да го направам. Започна како пасија и се претвори во обврска, животна дестинација, но нешто што ќе го направам кога нема да бидам дел од фудбалот, – изјави уште пред неколку години Вилјаш-Боаш.

Познатиот фудбалски стручњак ќе седне зад воланот на Тојота Хилукс, а ова ќе биде прво искуство во автомобил и за неговиот навигатор Фарија кој последната деценија се натпреваруваше меѓу мотоциклистите.

Facebook Коментари