Поврзете се со нас

Франција

Виљаш-Боаш е убеден: Мбапе сигурно ќе потпише за Реал

Објавено

на

Килијан Мбапе е една од најголемите француски ѕвезди, човек кој своите квалитети ги потврдува од натпревар во натпревар без разлика дали тоа е на клупски или на репрезентативен план.

Поради тоа шпанскиот великан Реал Мадрид веќе подолго време сака да го ангажира, доведе на „Сантијаго Бернабеу“, но засега Пари Сен Жермен одолева на сите напади и нивната желба е да остане во француската престолнина.

Меѓутоа договорот на Килијан му завршува наредното лето и ако „светците“ не го убедат да го продолжи договорот тогаш повеќе од јасно е дека ќе мора да го продадат напаѓачот ако сакаат да заработат на него за тоа што во 2022 година без никакво обештетување ќе може да го напушти „Паркот на принцовите“.

Според португалскиот стратег, Андре Виљаш Боаш само прашање е на време кога Мбапе ќе го видиме во дресот на „кралевите“.

-Порано или подоцна Мбапе ќе заврши во Реал Мадрид. Роналдо дојде до Реал како ѕвезда и стана уште подобар, така ќе биде и со Мбапе, -порача Андре за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни