Поврзете се со нас

Шпанија

Вилјареал повторно смени тренер, се најавува враќање на познато име

Објавено

на

foto:www.facebook.com/villarrealcf

Шпанскиот прволигаш Вилјареал повторно се реши да направи промена на тренерската позиција, веќе втора во актуелнава сезона.

Пред два месеци му беше врачен отказ на Кике Сетиен, а сега „жолтата подморница“ се збогуваше со неговиот наследник Хосе Рохо Мартин или попознат како Пачета.

Интересно е тоа што Пачета си заминува од функцијата со победа со оглед на тоа што вчера Вилјареал славеше со 2-1 над Макаби Хаифа во Лига Европа.

Директорот Мигуел Анхел Тена ќе го води тимот во пресметката со Атлетико Мадрид на „Ванда Метроплитано“.

Според информациите кои доаѓаа од Апенините големи шанси за испразнетото место има искусниот Марселино Гарсија Торал, стратег кој веќе имаше една квалитетна епизода во оваа средина од 2013 до 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни