Поврзете се со нас

Лига Европа

Вилјареал ја искористи објавата на Озил и брутално го истрола Арсенал откако го елиминираше во полуфиналето (Фото)

Објавено

на

Вилјареал се покажа како нависитна цврст орев на гостувањето во Северен Лондон и со посед на топката успеа да го неутрализира Арсенал, а иако Шпанците во одредени моменти имаа и среќа, на крајот успеаја да направат историја, и тоа со тренерот кој се истакнува како вистински „крал на Лига Европа“.

Унаи Емери се пласираше во петто финале во Лига Европа со трет различен клуб, а воедно направи огромен подвиг бидејќи Вилјареал за првпат во своајта историја ќе биде дел од еден финален натпревар.

Емери ги доби првите три финалиња како тренер на Севилја, едно загуби како менаџер на Арсенал, но сега го елиминираше токму поранешниот тим за да се најде во ново финале со Вилјареал.

Разочарувањето за фановите на Арсенал е двојно поголемо поради тоа што беа елиминирани од менаџерот кој добиваше жестоки критики за својата работа во Северен Лондон, а работата стана жестока и на социјалните мрежи, каде Вилјареал го искористи провокативниот твит на Озил од пред мечот, за брутално да го истрола Арсенал.

Алудирајќи на лошиот англиски јазик и погрешно изговорените зборови, Озил се потсмеваше со Емери воочи реванш полуфиналето, но по крајот на истото, последен се смееше Вилјареал.

– Добра ноќ со мастеркласот на Емери…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни