Поврзете се со нас

Шпанија

Вилјареал ја доби битката: Одлучувачкото коло за титулата во Ла Лига и официјално поместено! (Фото)

Објавено

на

Вилјареал како единствен шпански тим кој се бори за европска титула оваа сезона сериозно го крена гласот по вчерашната победа над Севилја, бидејќи првично наиде на негативен одговор од страна на водечките луѓе во шпанскиот фудбал кога е во прашање последното коло во Ла Лига.

„Жолтата подморница“ игра финале во Лига Европа против Манчестер Јунајтед на 26-ти мај, а планот беше само 72 часа претходно, да игра натпревар против Реал Мадрид во последното коло во кое ќе се решава титулата, но истовремено и борбата за опстанок во елитата.

Од Вилјареал порачаа дека им дале ужасно објаснување за тоа зошто не може да се помести колото и да се направи услуга на единствениот претставник кој се бори за титула на стариот континент, а откако стана вирална информација дека поклопувањето со Евровизија е главна причина за негативниот став од водечките луѓе на Ла Лига и Федерацијата, медиумскиот притисок сепак си го направи своето.

Вилјареал на крајот ќе добие услуга од своето натпреварување како што тоа обично го прават сите национални првенства, па одлучувачкото коло во Ла Лига сега е преместено за сабота, наместо да се игра во недела.

Во сабота во терминот од 18:00 часот ќе се играат сите натпревари кои имаат некакво значење за титулата, опстанокот и излезот во Европа, па во овој термин се дури седум дуели:

Селта-Бетис, Еибар-Барселона, Хуеска-Валенсија, Осасуна-Реал Сосиедад, Реал Мадрид-Вилјареал, Валјадолид-Атлетико Мадрид и Елче Атлетик Билбао.

Во петок ќе се игра само натперварот Леванте-Кадиз, а во недела остануваат само два дуели, оние меѓу Гранада-Хетафе и Севилја-Алавес кои немаат никакво резултатско значење.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни