Поврзете се со нас

Лига Европа

Вилјареал и Макаби ќе играат фудбал и покрај нестварното невреме во Шпанија (Видео)

Објавено

на

Натпреварот против Вилјареал и Макаби Тел Авив беше сериозно доведен во прашање, но последната вест од Шпанија е дека сепак ќе се игра фудбал на стадионот „Ла Серамика“, без оглед на неверојатно лошите временски услови.

Силниот дожд во овој регион од Шпанија направи теренот да изгледа како едно мало езеро, а интензитетот со кој врнеше дожд ги натера одговорните луѓе да го одложат мечот и истиот не можеше да започне во предвидениот термин.

Иако во план беше и комплетно одложување на мечот за друг ден, згуснатиот распоред им прави проблеми на двата тима, па конечната одлука е дека ќе се игра фудбал вечерва на „Ла Серамика“, со задоцнување од повеќе од еден час.

Последната вест е дека натпреварот ќе започне во 22:10 минути, откако метереолошките прогнози се дека нема да има нови врнежи во наредните неколку часа, а во овој момент напорно се работи за осигурување на оптимални услови за игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни