Поврзете се со нас

Шпанија

Вилја издвои две имиња како замена за Левандовски во Барселона

Објавено

на

foto:x.com/andresiniesta8

Роберт Левандовски има одлична сезона во Барселона со 34 гола и 3 асистенции на 38 натпревари во сите конкуренции, учинок кој е фантастичен за играч кој во август ќе го прослави 37 роденден.

И покрај овие бројки јасно е дека Барселона мора полека да размислува за негова замена дали на лето или наредната година затоа што е потребна свежа крв, ас кој ќе биде на најмалку исто ниво со Полјакот.

Тоа сигурно ќе биде сериозен предизвик за каталонците затоа што нема многу топ „деветки“ во денешниот фудбал. Давид Вилја своевремено беше еден од најквалитетните светски напаѓачи, вистински гол играч кој знаеше да се снајде како центарфор, но и на крилните позиции.

Тој мина три години на „Камп Ноу“, па како поранешен член на Барса издвои две имиња од ПЛ како потенцијална замена за Левандовски.

-Има многу напаѓачи [кои би можеле да го заменат Левандовски во Барселона]. Не е важно само кој би одговарал, туку и кој би можел да потпише. Има многу добри напаѓачи. Исак е многу добар играч и ја познава Ла Лига. Халанд ми доаѓа на ум како центарфор, но (се смее) не знам дали Сити би го пуштил да си оди кога штотуку му го обнови договорот. Има многу напаѓачи и секој од нив би сакал да игра за Барса. Сигурен сум дека клубот ќе заврши фантастична работа со потпишувањето на замената на Левандовски кога ќе биде потребно, -вели шпанската легенда за „Мундо Депортиво“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни