Англија
Вилијан се огласи во јавноста по најавите дека имал средба со Мурињо: Имам добар однос со него…
Бразилскиот интернационалец од редовите на Челси, Вилијан, веројатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ и во друг клуб ќе ја продолжи кариерата.
Многумина веќе го преселија во Тотенхем, а одредени медиуми веќе објавија дека тој имал средба со менаџерот на тимот, Жозе Мурињо.
На ваквите објави веднаш реагираше и самиот играч кој потврди дека е во добри односи со Мурињо, но дека не се точни пишувањата дека тој имал средба со искусниот стратег.
– Не сум имал никаков контакт со Мурињо во скоро време. Кога ќе влезете во земјава, треба да поминете период на самоизолација. Дури и сега, јас се уште не сум ја напуштил куќата, па најавите дека сум се сретнал со Жозе за мене дојдоа како изненадување.
– Не сум зборувал со него ни преку телефон, а не сум се ни сретнал затоа што не сум излезен од дома. Ваквите најави не се точни.
– Имам многу добар однос со Мурињо и понекогаш си разменуваме пораки, но во последно време не го имаме сторено тоа, -изјави Вилијан.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)