Вилијамс и Вознијацки ќе се борат за пехарот во Сингапур (Видео)

venus

Венус Вилијамс и Каролин Вознијацки ќе играат во финалето на завршниот ВТА шампионат во Сингапур.

Ова е резултатот по денешните полуфинални средби на кои Американката и Данката славеа над Каролин Гарсија, односно Каролина Плишкова. Венус по исцрпувачки меч кој траеше два ипол часа успеа да се врати од негатива и да слави со 2-1 во сетови (6-7(3), 6-2, 6-3).

За постарата од сетрите Вилијамс ова ќе биде прво финале од овој тип по 2009 година или можност да го повтори успехот од 2008 година кога последен пат дома ја однесе титулата.

Вознијацки беше посигурна против Плишкова и победи со 7-6(9), 6-3 за прво финале на завршините турнири по 2010 година.

Facebook Коментари