Поврзете се со нас

Шпанија

Вилијамс откри што правел Јамал пред полуфиналето на ЕП: Јас ги наполнив гаќите, а тој….. (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Ламин Јамал и Нико Вилијамс беа убедливо најубиствениот тандем на Европското првенство, бидејќи противниците на Шпанија едноставно не можеа да им фатат крај на брзите крила на кои стратосферски им порасна цената по континенталниот собир.

И покрај низата шпекулации, двајцата останаа во своите клубови и ги започнаа сезоните како клучни играчи за Барселона и Атлетик Билбао, но доброто пријателство кое го негуваат сега е прикажано и во документарецот кој го подготви шпанската фудбалска Федерација.

По повод четвртата освоена титула на Европските првенства, шпанската Федерација најави објавување на документарен филм, а угледната „Марка“ успеа да дојде до еден извадок кој е доста интересен.

Имено, станува збор за сцена која се случила пред големото полуфинале меѓу Шпанија и Франција, а за истата сведочи Нико Вилијамс.

– Одевме да го играме полуфиналето на Европското првенство и јас ги „наполнив гаќите“, а тоа дете (Јамал) задрема во автобусот…. Како може да спие пред толку важен натпревар? , – прашува Вилијамс.

Ова е само уште еден доказ дека Јамал е создаден од „друг материјал“, бидејќи по кратката дремка, на теренот постигна и мајсторски гол во победата од 2:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни