Поврзете се со нас

Шпанија

Вилијамс му приреди фудбалска тортура на Жорди Алба, фановите на Барселона се свртеа против левиот бек (Видео)

Објавено

на

Барселона вчера беше елиминирана во осминафиналето на Купот и остана без уште една шанса да се бори за трофеј оваа сезона, епилог кој навистина го разочара Чави Ернандес кој не криеше дека ќе му бидат потребни неколку дена за да се рехабилитира од поразот од Атлетик.

„Лавовите“ од Билбао победија со 3:2 во натпревар во кој се играше максимално офанзивен фудбал, но во кој одбраната на Барселона навистина страдаше, особено на страната на која играше Нико Вилијамс.

Помладиот од браќата Вилијамс му изврши фудбалска тортура на Жорди Алба и со леснотија го минуваше, па поради тоа, десниот бек на Барселона се најде на сериозен удар на социјалните мрежи.

Алба своевремено важеше за еден од најдобрите и најбрзите дефанзивци во светот, но очигледно е дека годините полека си го прават своето и има проблеми да се справи со супербрзи играчи како што е помалиот брат на Ињаки, Нико Вилијамс.

За да бидат работите уште полоши за Алба, огромни критики добива и од самите фанови на Барселона, не само поради загубените дуели со Нико, туку и поради направениот пенал по кој Атлетик го постигна клучниот гол за 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни