Поврзете се со нас

Шпанија

Вилијамс му направи услуга на Реал и ја остави Џирона без првото место во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AthleticClub

Џирона беше на добар пат да се врати на првото место на табелата и да одолее на притисокот кој го носи секој лидер, но победа на најголемото изненадување не дозволи Ињаки Вилијамс.

Тимот од Каталонија имаше голем број отсуства вечерва и тоа се почувствува во играта, особено во последната третина од мечот кога се решаваше текот на мечот.

Џирона успеа да поведе со голот на Циганков кој доста среќно доби една топка во шеснаесетникот, па иако домаќините изгледаа подобро во стартниот период од вториот дел, на крајот како пресуден се покажа голот на Ињаки.

Напаѓачот на Атлетико Билбао израмни на 1:1 и ја врати неизвесноста на теренот, а иако Џирона одново се обиде да го врати водството, не успеа во намерата да освои три бода.

Пабло Торе ја имаше најдобрата шанса за 2:1, но позајмениот фудбалер од Барселона чекаше премногу и ја упропасти најдобрата прилика. Ова реми значеше дека Реал Мадрид останува прв на табелата по 14 одиграни кола, но тоа е така само поради подобрата гол разлика во однос на Џирона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни