Поврзете се со нас

Формула 1

Вилијамс ја потврди разделбата со еден од своите актуелни возачи

Објавено

на

Формула 1 тимот Вилијамс денеска официјално потврди дека Николас Латифи нема да биде возач на оваа екипа следната сезона.

Канаѓанецот не успеа да ја задржи својата позиција бидејќи има далеку послаби резултати од тимскиот колега Алекс Албон, а тоа се случуваше и во минатото, кога член на Вилијамс беше Џорџ Расел.

Латифи ја доби позицијата во Вилијамс благодарение на своите возачки квалитети, но и финансиската поддршка обезбедена од неговиот татко, канадскиот магнат Мајкл Латифи.

Најдобриот резултат на Латифи беше седмото место на трката во Унгарија во 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни