Формула 1
Вилијамс го отпушти Сарџент и го потврди неговиот наследник до крајот на сезоната
Формула 1 тимот Вилијамс денеска го официјализираше она што долго се шпекулираше, а тоа е дека нема да му даде уште една шанса на Логан Сарџент.
Сарџент го уништи болидот на Вилијамс на еден од тренинзите во Холандија и со тоа си ја одреди иднината во овој тим, а денеска е потврдено дека тој ќе биде заменет од актуелниот Ф2 возач, Франко Колапинто.
Колапинто ќе дебитира на претстојната трка во Монца и ќе вози до крајот на Формула 1 сезоната, со што ќе му биде нов тимски колега на Алекс Албон.
Вилијамс веќе најави дека следната сезона возачи на тимот ќе бидат Карлос Саинц и Албон, но Сарџент не успеа да ја комплетира својата втора сезона и последните девет трки ќе бидат добра можност за младиот Колапинто.
Сарџент не успеа да освои ниту еден поен оваа сезона и ќе ја заврши Ф1 приказната со еден освоен поен од 36 извозени трки со болидот на Вилијамс.
-
Балканпред 19 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед