Поврзете се со нас

Англија

Вили Кабалјеро откри зошто стравува Канте и посочи дека цел тим го поддржува

Објавено

на

Искусниот голман на Челси, Вили Кабалјеро прв излезе со коментар во јавноста откако Нголо Канте побара да биде ослободен од тренинзите поради страв од коронавирусот.

Симпатичниот Французин доби дозвола од Челси и постои голема веројатност тој да го пропушти остатокот од сезоната.

Канте и самиот има здравствени проблеми,а пред извесен период се онесвестил во клупските простории на Челси. Фудбалерот од средниот ред пред две години го загуби и својот брат кој почина ненадејно од срцев удар.

Сега Кабалјеро откри дека фудбалерот бил преплашен затоа што имал исти симптоми како тие на коронавирусот, но за среќа бил негативен на тестирањата.

– Многу го разбираме. Тој е негативен на Ковид 19, но имаше лош период за време на карантинот со симптоми кои му влеаа голема доза на страв.

– Го почитуваме и ќе чекаме додека не се чувствува комотно затоа што за работата која ние ја правиме мора да се чувствуваш добро и да имаш самодоверба за да започнеш одново.

– Нголо е многу пријатен и посветен човек кој секогаш се смее и тој сигурно има низа причини за да го каже тоа што го кажа. Доста разговараме преку „Зум“ со Френк Лампард и другите играчи, а тој кажа дека не се чувствува сигурно да се врати на тренинг поради тоа што го почувствувал претходните недели, -изјави Кабалјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни