Виландер со заклучок: Федерер го плаќа данокот за случувањата од 2004. до 2007. година

federer-wimbldon

Матс Виландер веднаш по крајот на големото финале на Вимблдон заклучи дека Новак Ѓоковиќ добил предност од новото правило кое го воведе турнирот во Лондон, бидејќи во разлика на два гејма, далеку поблиску до брејк беше искусниот Швајцарец кој претходно ги загуби двата тајбрејка.

Федерер го заврши мечот со 14 поени повеќе и со три загубени тајбрејка кои беа кобни за непосакуваниот епилог, или тениски гледано, потфрли во клучните моменти, односно во периодот кога се кршеше мечот. Во тие ситуации, Новак беше далеку поприбран и демонстрираше неверојатна психолошка стабилност, а според последната анализа на Виландер, резултат на лошата игра на Федерер во тие моменти е голема доминација која ја имаше на стартот на кариерата.

– Федерер го плаќа данокот за периодот од 2004-та до 2007-ма година. Тогаш доминираше во однос на конкуренцијата до таа мера, што не ми мораше да се измори при важните поени. Му беше прелесно, не мораше тактички да напредува, но сега се соочува со тенисери како Ѓоковиќ и Надал, играчи кои се господари и кои бараат удар повеќе од вас. Федерер не ги игра најдобро важните поени и тоа пресуди, – вели Виландер.

Facebook Коментари