Поврзете се со нас

АТП

Виландер загрижен за Ѓоковиќ: Тој секогаш молчи за повредите…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ ја мина и втората рунда на Австралија Опен со таа разлика со тоа што сега мораше да игра четири сета за да закаже дуел со Григор Димитров.

Меѓутоа Ѓоковиќ веќе некое време има проблеми со задната ложа, а по средбата посочи дека ситуацијата не е добра, игра под лекови, но и дека ќе го прави тоа затоа што нема друг избор.

Српскиот ас ретко говори кога има проблем, па ова за легендарниот Матс Виландер кој сега работи како стручен аналитичар е ситуација која загрижува.

-Не се сеќавам дека некогаш кажал нешто такво за своето тело. Надал секогаш бил многу искрен кога се во прашање повредите. Новак пак никогаш нема да го видете повреден. Дури и кога е тој секогаш молчи за тоа. Затоа е загрижувачки што сега зборува за тоа. Се додека може ќе бара начин да игра. Сигурен сум дека ќе игра на една нога ако треба, -истакна Виландер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни