Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Се додека игра, Ѓоковиќ ќе биде број еден

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ нема добра 2024 година во која засега е без освоен пехар, без финале, а на Ролан Гарос заработи и повреда на коленото поради која и мораше да оди на операција за да се санира проблемот.

Таа пауза нема да биде долга, но останува да се види дали истата ќе остави последици, односно дали Новак ќе може да се врати, дојде до посакуваното ниво и да бележи успеси.

Србинот има поставено јасни цели, а се додека е така за легедарниот Матс Виландер тој ќе биде опасен и ќе биде најдобар на светот без разлика на пласманот на АТП листата.

-Добро знам дека Синер имаше исклучителен прв дел од сезоната и компјутерот не лаже. Ама да не заборавиме дека Новак е бранител на титулата на Ју-Ес Опен и на завршниот Мастерс, дека пред една година беше финалист на Вимблдон. За мене, додека игра, Ѓоковиќ е број еден.

-Видовме на крајот од мечот против Серундоло дека иако е повреден, кога ќе влезе во елемент, Новак е речиси непобедлив. Тој, всушност, падна на второто место на листата поради повреда, а не поради тоа што некој го победи, -порача Виландер.

Инаку Новак од денеска е трети на АТП листата зад Синер и Алкарас, тенисерите кои ги освоија титулите на двата грен слема во оваа календарска година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни