Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Неверојатниот Ѓоковиќ испрати порака до целиот свет

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е доминантен на Австралија Опен и ова утро дојде до нова титула со трумфот над Данил Медведев од Русија.

Ѓоковиќ беше доминантен и со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:2) го крена 18 трофеј на големата сцена на најзначајните турнири во светот на тенисот.

-Ова беше неверојатна партија на Ѓоковиќ. Тој имаше старт од соништата, поведе со 3:0, а потоа Медведев некако се врати. Но Новак играше се подобро и подобро. Тој испрати силна порака до играчите од „новата генерација“ и целиот свет, -истакна Матс Виландер кој верува дека Србинот е фаворит за пехарите и на следните грен слем настани.

-Кога го гледате Новак на Австралија Апен, се чини тешко е да го победите како Рафа на Ролан Гарос. Она што се случи на Ју-ЕС Опен беше разочарувачко за него. Ама сега има 18 грен слем титули. Сега е фаворит на Ју-Ес Опен затоа што се игра на бетон. Вимблдон? И таму е веројатно фаворит. Кој знае кој ќе има предност на крајот на годината,-заклучи некогашниот најдобар играч на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни