Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Нема фаворит на Ролан Гарос, Ѓоковиќ не е на највисоко ниво…

Објавено

на

Ролан Гарос е вториот грен слем во оваа календарска година, турнир на кој титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ.

Сепак првиот светски рекет не е во најдобра форма во 2024 година во која нема освоено ниту еден трофеј, нема одиграно ниту едно финале, па според легендарниот Матс Виландер се ќе биде отворено кога е во прашање борбата за пехарот на Френч Опен.

-Овогодинешниот Ролан Гарос ќе биде најотворен по долго, долго време. Би рекол дека е одлична можност за Зверев, Циципас, дури и за Медведев, бидејќи никој не доминираше на земјена подлога. Мислам дека чувствуваат дека Новак не е на највисоко ниво, а не е, Карлос Алкараз не играше, Надал не играше многу, најдобрите играчи во светот не покажаа зошто се најдобри. Мислам дека тоа им дава самодоверба на играчи како Зверев и Циципас. Неколку играчи ќе имаат шанса што веројатно нема да се повтори, -вели Виландер кој говореше и за Рафа Надал.

-Убеден сум дека Рафаел ќе се обиде да игра. Тој е тука, тренира, секако дека сака да игра, но она што го зборува во последните недели, по поразите и победите, покажува дека Ролан Гарос му е се и дека ќе излезе на теренот дури и да не е на 100 проценти. Кога зборува за тоа, сфаќате колку е важен овој турнир за Рафа. Отсекогаш било, секогаш ќе биде. Тој играше добро на претходните натпревари, особено во Мадрид. Во Рим загуби тесно од Хуркач иако тоа резултатот не го покажува. Знае дека беше блиску. Имаше многу тесни гејмови. Едноставно не ги освои важните поени. Тој е играч против кој никој не сака да игра во првото коло. Не е важно кој е, -заклучи Швеѓанецот.

„Бомба“ уште на стартот: Надал ќе отвори против четвртиот фаворит на Ролан Гарос, Ѓоковиќ ги избегна најтешките ривали (Фото)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни