Поврзете се со нас

АТП

Виландер: На Ѓоковиќ не му е важно што ние мислиме, сака само да победува

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ е на добар пат да дојде до финалниот меч за титулата на Австралија Опен иако постојано говори за одредена повреда поради која дури и размислуваше да го заврши настапот во Мелбурн.

Меѓутоа наместо откажување видивме како првиот светски рекет ги реши Раониќ и Зверев, па поради тоа имаше доста реакции на сметка на Ѓоковиќ дека едноставно тој дава лажна слика дека е повреден од проста причина што тоа не се забележува во неговата игра и натпреварите.

Според Матс Виландер овие забележи не допираат до Новак кој има само една цел, да победува и освои трофејот во Мелбурн.

-Ѓоковиќ не покажа знаци на повреда, иако продолжува да зборува за тоа. Очигледно е дека него како поединец не го интересира тоа што ние мислиме, се обидува само да ги добие натпреварите на грен слемот. Може да инсистира на фактот дека е полесно повреден затоа што тоа го принудува да игра пократки поени и повеќе да ризикува. Понекогаш зборуваме за повреди, а понекогаш не. Тој реши да зборувам -вели некогашсниот светски рекет број еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни