Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Ѓоковиќ е најразочаран што Надал нема да игра во Париз

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ вчера го дозна својот пат до финалето на Ролан Гарос и стана познато дека во полуфиналето може да се соочи со Карлос Алкарас, тенисерот кој важи за еден од главните фаворити да стигне до самата завршница на Френч Опен.

Тенискиот грен слем во Париз оваа година ќе биде покус за најголемиот шампион во историјата, бидејќи Рафаел Надал ја информираше јавноста дека ќе направи посериозна пауза во тенисот после повредата која ја влече од Австралија Опен.

Отсуството на Рафа ќе биде добра шанса за Ѓоковиќ да избие прв на вечната листа по бројот на освоени грен-слем титули, но сепак Матс Виландер смета дека токму Србинот е еден од најразочараните што Надал нема да игра на „Филип Шатрие“.

– Мислам дека Новак е најразочаран што Рафа не е дел од ждребот и тоа што нема да игра на Ролан Гарос. Убеден сум дека Србинот сакаше својата 23-та грен слем титула да ја освои против најголемиот ривал.

– Веќе некое време се збори за тоа кој од нив ќе биде најголем на сите времиња. Кога го немаме Новак поради невакцинација, или Надал поради повреда, чувството не е исто.

– Ако се прашувам јас, би сакал двајцата да имаат ист број на грен-слем титули на крајот од кариерите, но исто така сакам Рожер Федерер да се споменува во ист реченица како дел од најголемото друштво на сите времиња, – вели Виландер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни