Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Ако Зверев освои еден грен слем…

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Германскиот тениски ас, Александер Зверев веќе долго е на големата сцена, тенисер кој постојано е при врвот, максимално е конкурентен, ама се уште чека на грен слем титула иако веќе има 27 години.

Зверев има олимписко злато, иам триумфирано на завршните АТП турнири, освоени доста други титули, но проблем се грен слемовите каде на двапати доаѓаше до големото финале, меѓутоа губеше од Карлос Алкарас и Доминик Тим на Ролан Гарос и Ју-Ес Опен.

Матс Виландер знае како се освојуваат пехари на најголемите турнири и верува дека на Зверев му треба само еден триумф и потоа ќе дојдат успеси во серија.

-Ако освои еден грен слем, ќе следат уште такви титули, четири или пет. Убеден сум дека тоа ќе се случи и дека ќе биде голема работа за тенисот во Германија, но и за неговото семејство. . Тие вложија многу за да направат таков фантастичен тенисер, -смета Виландер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни