Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Ако Надал победи на Ролан Гарос, тогаш Ѓоковиќ…

Објавено

на

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се двајца асови рекордери по бројот на освоени грен слем титули, односно двајцата го делат првото место на вечната листа со 22 пехари на најголемите турнири.

Поради ова со нетрпение се очекува новото издание на Ролан Гарос каде еден од овие двајца ќе има можност да се издвои на врвот. Надал е играчот кој доминира во Париз, меѓутоа останува да видиме дали, како ќе ја надмине повредата, односно ако се биде во ред во каква форма ќе го дочека овој настан.

Ѓоковиќ е познат како човек машина, па во однос на тоа кој може прв да дојде до бројката 23, легендарниот Матс Виландер порачува:

-Не можеме да замислиме како се чувствуваат Надал или Ѓоковиќ сега кога се изедначени со по 22 грен слема. Ѓоковиќ е поопуштен по Австралија Опен. Ако двајцата завршат со 22 титули, одлично. Мислам дека едниот и другиот сакаат да го споделат вниманието, да не го исфралт Федерер од равенката. Не сакаме еден од нив да се издвои со 25 или 26 грен слем. Ако Надал дојде до 23. пехар на Ролан Гарос, можеби Ноле ќе почна да се сомнева и да се врати прашањето дали може да ги поедува младите како Алкараз. Мислам дека засега не размислуваат за тоа, -вели Виландер кој говореше за Карлос Алкараз.

-Мислам дека неговиот дух е присутен. Не сите патишта ќе изгледаат како оние на Новак, Рожер или Рафа. Ќе има свој пат. Мислам дека Алкарас ќе го пронајде. Но, најважно е дека менталитетот и духот не се променети. Тоа покажува дека тие никогаш нема да се променат, -истакна Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни