Поврзете се со нас

Македонија

Виктор го дочека својот викенд: Давидовски се искачи на подиумот на Монца! (Фото)

Објавено

на

Виктор Давидовски го дочека најдобриот викенд во досегашниот тек на сезоната во ТЦР Европа, бидејќи по одличните перформанси кои ги презентираше на квалификациите, македонскиот возач денеска се избори и за подиум.

На првата трка која попладнево се возеше на легендарната патека Монца, Давидовски успеа да го освои третото место и за првпат се искачи на пиедесталот оваа сезона, што секако е награда за големиот труд, но и момент за сатисфакција после несреќните моменти кои ги имаше во последно време.

Македонскиот возач се бореше за врвот уште на саботните квалификации кои беа одложени поради дожд, но најдоброто од себе го покажа на првата трка и се избори за место на подиумот.

Коб Пауелс го освои првото место и ја разгоре битката за првото место во генералниот пласман, додека пред Давидовски заврши уште само Никола Балдан.

– Навистина сум многу среќен, ова е прв подиум за мене оваа сезона. Немав многу среќа на трките оваа година, но конечно го дочекав мојот викенд, – изјави Давидовски.

Втората трка на Монца е на програмата денеска попладне, односно е програмирана за 16:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни