Поврзете се со нас

Македонија

Виктор Давидовски ја заврши сезоната со нов трофеј во Харама

Објавено

на

Виктор Давидовски ја заврши сезоната во најзнајачното европско натпреварување со туринг возила (ТЦР Европа) со нови бодови кои беа резултат на одличното возење во втората трка, која се возеше денеска на патеката Харама во Шпанија.

Возачот на ПСС Рејсинг го заокружи настапот во оваа серија со освоена деветта позиција и место на победничкиот пиедестал како најдобро пласиран од пилотите кои возат за тимови без фабричка поддршка и се сметаат за „аматерски“.

За разлика од ова, на првата трка, тој имаше судир во првиот круг, по што на неговото возило имало значителни оштетувања, па не можеше да биде во конкуренција за висок пласман.

На втората трка, Давидовски имаше одличен старт и брзо влезе во Топ 10, каде што и се задржа до крајот, што беше значително подобрување во однос на стартната 18. позиција, која беше постигната во променливи временски услови, а со огромна изедначеност на сите учесници и интервал на една секуда од пол позиција.

На оваа трка беше куриозитет дека ПСС Рејсинг за прв пат се појави со две возила, при што во втората „Хонда“ седна Франко Џиролами. И тој имаше висок пласман на 8 место, во втората трка, но поради контактот со Сами Тафук беше казнет со додавње на време и заврши на 14 место. Во првата трка, Аргентинецот кој е брат на прославениот шампион Нестор Џиролами беше удрен од Мајк Халдер и го заврши настапот по осум кругови.

Тоа значи дека ПСС Рејсинг тим го заврши последниот ТЦР викенд со 18 поени и стигна до десеттото место во генералниот пласман меѓу екипите. Резултатот е уште повреден ако се знае дека Давидовски настапи на само четири трки, а уште на четири трки ПСС Рејсинг тим имаше и друг возач.

Германецот Мајк Халдер влезе како лидер во генералниот пласман во пресрет на последниот викенд, но не само што не стана шампион, туку заврши на четвртото место. Нов шампион на ТЦР Европа е Мароканецот Меди Бенани, кој интересно не оствари ниту една победа, но собра најмногу бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни