Поврзете се со нас

Формула 1

Викендов започнуваат тестирањата, но веќе тргнаа шпекулациите за откази и трансфери

Објавено

на

Отказ за Матија Биното е последната непотврдена шпекулација која тргна да циркулира низ Ф1 кулоарите, иако медиумите кои ја пренесуваат се повикуваат на анонимуси од возачи како чешкиот пилот Јожеф Крал, кој возел за Ферари во ГТ шампионатот.

Откако оваа вест ја пренесоа повеќе медиуми, возачот ја повлече својата изјава велејќи дека тоа е негово лично мислење (извадено од контекст), а не инсајдерска информација. Тоа мислење на Крал се темели на успехот на Ферари уште на самите тестирања, и вели дека Биното би можел да добие шанса доколку Ферари е конкурентен. Истовремено, тој сугерира дека италијанската екипа не смее да си дозволи да загуби уште еден врвен инженер како што претходно ги отпушти техничките директори кои веднаш беа ангажирани од Мерцедес (Алдо Коста и Џејмс Алисон), па предвидуваше дека тој ќе стане претставник на Ферари во телата на ФИА.

Коренот на ваквите размислувања можеби може да се бара и во веста која претходеше, дека Биното му ги префрлил обврските за раководење на тимот на спортскиот директор Лорен Меки за време на гран при викендите, изјавувајќи дека има намера да остане во фабриката и да се посвети на правењето на болидот за 2022 година. Лорен Меки претходно беше врвен инженер кој работеше за Торо Росо, а потоа замина во ФИА да биде дел од службата под раководство на поранешниот технички делегат, Чарли Вајтинг.

Отказот на Маурицио Аривабене кој беше дел од менаџерските структури во одделот за маркетинг на тутунскиот гигант Филип Морис, доведе до поставување на Биното и како технички директор и како тимски шеф, по што беше објавено доаѓањето на Лорен Меки. Во пресрет на новата сезона Биното на претставувањето на новиот болид изјави дека е сигурен во надминувањето на проблемот со брзината на правците што Ферари го имаше минатата година. Повеќе различни медиуми тоа го протоклуваа како „истечена казна“ откако италијанскиот тим имаше несогласувања со ФИА по одредени прашања за легалноста, поради што светската автомобилистичка организција издаде нови детални упатства и протоколи за работа на моторот.

Во меѓувреме, Шарл Леклер потврди дека зимава бил заразен со Ковид-19, но дека поминал со лесна клиничка слика и се надева на брзо закрепнување без дополнителни компликации.

Исто така, Џорџ Расел негираше дека има било какво ветување или договор за седиште во Мерцедес од 2022 година, иако Луис Хамилтон потпиша договор само на една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни