Поврзете се со нас

Македонија

Викендов нема прволигашки фудбал: ФФМ закажа нов термин за натпреварите од 17.коло

Објавено

на

Викендов нема да се игра фудбал во Првата македонска лига, поточно комплетно е одложено 17. коло од најсилната домашна фудбалска конкуренција.

Фудбалската федерација на Македонија ја информираше јавноста дека Комисијата за натпревари донела одлука за одложување на утрешните натпревари кои требаа да се играат од 13 часот.

Имено оваа одлука е донесена согласно препораките на МВР (Министерството за Внатрешни работи) поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.

Средбите од 17. рунда веќе добија нов термин и ќе се играат во вторник со почеток од 13 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни