Италија
Виери за „тројката“ на Милан: Тие прават чуда со клубот

Милан полека, но сигурно се враќа на италијанската и на европската мапа како и што му личи на клуб од тој калибар, клуб со голема традиција, историја и титули.
„Росонерите“ во минатата сезона дојдоа до Скудетото, во оваа имаа проблеми во Серија А, но во Лигата на шампионите дојдоа до четвртфиналето по повеќе од една деценија што доволно говори дека е одличен резултат. Според легендарниот Кристијан Виери овие успеси се должат на тројката Паоло Малдини, Фредерик Масара и тренерот Стефано Пиоли, односно според него тие прават чуда со клубот со толку малку вложувања од сопствениците.
-Малдини и Масара се одлични во последните неколку години затоа што Милан [сопствениците] не троши ништо. Тие го прават тоа денес што и го направија со претходните сопственици. Паоло, Масара и Пиоли прават чуда, но сега сопствениците веќе не можат да се кријат.
-Тие треба да ги разјаснат своите цели. Малдини и Масара се во можност да потпишат играчи благодарение на нивниот скаутинг, искуство и нивните врски во фудбалот. Особено Малдини е слушан и почитуван од секој клуб во светот и успеа да потпише со играчи на кои другите не би можеле да им се приближат, -вели Виери кој очекува многу повеќе од Интер.
-Тоа е неприфатливо, Интер има врвен тим и не може да потфрла на толку многу натпревари. Очекувам многу повеќе, тие не можат да бидат толку неконзистентни. Бенфика [нивниот ривал во ЛШ] се силен тим, Наполи од Португалија. Не е случајно што архитектот таму е Руи Коста, некој што пуши цигари и фудбал целиот свој живот. Ромелу Лукаку досега отсуствуваше, сите очекуваа нешто поразлично, -смета Италијанецот.
-
Англијапред 18 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 15 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 19 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
АТПпред 7 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Германијапред 17 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 18 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 10 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)