Поврзете се со нас

Италија

Виери за потенцијалното бомбастично трио на Интер кое го најавуваат медиумите: Не ми се допаѓа!

Објавено

на

Интер остана без титулата во Серија А во сезоната која заврши, бидејќи скапо го плати киксот со Болоња во последните кола и на крајот не дочека кикс од страна на градскиот ривал Милан.

„Нераѕурите“ не успеаја да го одбранат трофејот во сезоната во која влегоа без шампионски амбиции, бидејќи проектот во најмала рака стагнираше по заминувањата на двајцата најдобри фудбалери.

Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими си заминаа од Интер, па иако беа доведени достојни замени, сепак тимот остана покус во трката со Милан и на крајот се задоволи со титулите во Купот и Суперкупот.

По оваа сезона, нападот на Интер сигурно ќе биде освежен во летниот преоден рок, а италијанските медиуми најавуваат дека Лаутаро може да добие бомбастични партнери во Лукаку и Дибала.

Интер преговара со двајцата, но легендарниот Бобо Виери смета дека тројцата не би се надополнувале добро како што многумина замислуваат.

– Трио со Лукаку, Дибала и Лаутаро? Не знам, според мене не, не ми се допаѓа. Би сакал да ги видам само Лаутаро и Лукаку, – изјавил кратко и јасно Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни