Поврзете се со нас

Свет

Виери за најголемиот „тепач“ меѓу дефанзивците: Никогаш немам видено некој да „фрла пламен“ како него

Објавено

на

Кристијан Виери имаше можност да игра против неверојатни дефанзивци во својата кариера, но сепак кога треба да го избере најголемиот „тепач“, легендарниот Бобо со пријателски тон го опиша поранешниот врвен аргентински стопер.

Виери своите најдобри денови ги имаше во Интер и важи за вистински симбол на клубот од Милано, но во последното интервју кое го направи за „Газета“, привлече внимание со изјавата со која истовремено го истакна напаѓачот кој можел да оствари многу повеќе, но и стоперот кој „фрлал пламен“ кон ривалите кога ги чувал еден на еден.

Станува збор за Никола Вентола и Роберто Фабијан Ајала, двајца играчи за кои Виери сподели една интересна анегдота.

– Никола Вентола е златно момче. Добар, примерен и многу забавен. Беше навистина добар и силен напаѓач, но огромнит број повреди значително го забавија.

– Се сеќавам дека еднаш игравме во Европа и требаше да се сретнеме со Валенсија. Јас бев малку повреден и тогаш му реков на тренерот да го стави Вентола на мое место. Му се приближив на Никола и му реков. Ќе те чува Ајала, тој удира како да е ковач. Следниот ден дојде на тренингот отечен како диња. Никогаш немам видено дефанзивец да „фрла пламен“ како тоа што го правеше Ајала, – вели Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни