Виери и Роналдо на своја кожа дознаа дека не треба да се задеваат со Гатузо: Секогаш си нервозен и агресивен (Видео)

rino-vika-revija

Бобо Виери беше задолжен за пренесување на сите интересни работи од подтрибинскиот простор на „Сан Сиро“ за време на прошталниот меч кој го организираше Андреа Пирло, бидејќи со своите вклучувања во живо на социјалните мрежи им дозволи на сите фудаблски фанови да ја доживеат магијата од соблекувалната, но им овозможи и искрено да се изнасмеат.

Веќе видовме како легендарниот напаѓач го промени изгледот на „Сан Сиро“ кога е во прашање ходникот на Интер, но крајно урнебесно е и едно видео во кое се гледа како Виери го следеше Гатузо и се обидуваше да го испровоцира. Виери во друштво на Роналдо го провоцираше и задеваше тренерот на Милан, но и двајцата набрзо дознаа дека не може премногу да се шегуваат со него бидејќи телефонот им летна на земјата.

Во следното вклучување кое го имаше Виери, во пакет со Роналдо му порачаа на Рино дека „секогаш е нервозен и крајно агресивен“…..

Facebook Коментари