Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Виери пред миланското дерби во ЛШ: Јасно е кој тим е во подобра ситуација

Објавено

на

Интер и Милан ќе се соочат во полуфиналето на Лигата на шампионите, a поранешниот напаѓач Кристијан Виери ги открил своите очекувања од соочувањето меѓу неговите два поранешни клуба.

Виери многу пократко престојуваше во дресот на Милан, а сега смета дека „росонерите“ се во потешка позиција.

– Интер влегува во двомечот во подобра форма.

– Освоија девет бодови на последните три натпревари, постигнаа 11 голови и сигурно се во подобра ситуација.

– Но, прашање е и дали во среда ќе го видиме Милан кој се извлекуваше од пораз од Кремонезе или Милан кој лесно го совлада Лацио.

– Сепак, според мене Интер има поквалитетен состав, а ако случајно Леао не е во состојба да игра, тоа значи понеопасен Милан за 50 проценти, – истакнал Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни