Виери не се пронајде во ходникот на легенди на Интер, па со генијален план го промени изгледот на „Сан Сиро“ (Видео)

vieri-pirlo

Кристијан Бобо Виери стана апсолутен хит на социјалните мрежи со својата луда прослава која ја имаше за време на прошталниот меч кој беше организиран во чест на Андреа Пирло, но благодарение на својата ведра појава и смислата за хумор, поранешниот италијански напаѓач се најде во фокусот и со објавите кои ги имаше на Инстаграм.

Виери во неколку наврати се вклучи во живо и им овозможуваше на фудбалските фанови да проследат инсерти од случувањата и во подтрибинскиот простор, а од едно такво негово видео ни пристигна една урнебесна ситуација која ги изнасмеа фудбалските фанови. Легендарниот Бобо не се пронајде себеси во ходникот на легенди на Интер каде беа имињата на Занети, Милито, Станковиќ и останатите, па реши да го промени изгледот на внатрешноста на „Сан Сиро“ со парче хартија и селотејп трака, осмислувајќи генијален план како да биде дел од одбраното друштво на Интер….

Facebook Коментари