Поврзете се со нас

Германија

Виери му предложи напаѓач на Баерн: Во Минхен ќе постигнува по 30 голови во сезона!

Објавено

на

Кристијан Виери веќе извесно време е крајно популарен со својата Твич емисија „Бобо ТВ“, во која дава актуелни коментари за сите случувања во фудбалска Италија, но и Европа.

Легендарниот голгетер изминатиот период во неколку наврати нагласи дека негов омилен напаѓач во Италија е Душан Влаховиќ, а откако стана јасно дека Србинот нема да продолжи во Фиорентина и наредното лето ќе направи голем трансфер, Бобо му го предложи овој голгетер на Баерн Минхен.

Баварците некое време се поврзуваат со името на Ерлинг Халанд како замена за Роберт Левандовски, но Виери смета дека одличен избор би бил и Влаховиќ.

– Да сум на местото на Баерн Минхен и да барам замена за Левандовски, нема да го гледам само Халанд. Тука е Влаховиќ. Душан во Баерн би постигнувал лесно по 30 голови во сезона.

– Фиорентина игра многу добро оваа сезона и со тоа класата на Влаховиќ се почесто излегува на виделина. Станува збор за страшен голгетер, – вели Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни