Англија
Виери: Конте сака да се кара со сите, тој ве остава без сон

Антонио Конте не е повеќе тренер на Тотенхем што не е изненадување ако се земе во предвид потегот на Италијанецот пред репрезентативната пауза кога експлодираше по дуелот со Саутемптон во Премиер лигата.
Конте „испука“ се што му лежи на срце, а тоа ја прели чашата кај раководството кое реши да се збогува со него неколку месеци пред истекот на неговиот договор. Има реакции, коментари од повеќе страни, а меѓу оние кои зборуваа за Антонио беше и некогашниот италијански репрезентативец, Кристијан Виери кој своевремено соработуваше со сонародникот во Јувентус.
-Антонио е навикнат да влегува во конфликт со сите, тоа е во неговиот карактер. Ако некој клуб го ангажира, не треба да очекуваат нкоје што е среќен со било што, тие знаат дека е сериозна личност, човек кој многу бара. Тешко е да го имате во еден клуб, тој ве остава без сон. Постојат тренери како него и Жозе Мурињо кои се како чекани и го бараат најдоброто од сите во секое време. И има и такви кои се задоволни со што било. Секој си има свое гледиште, -истакна Виери.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 23 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 14 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)