Поврзете се со нас

Репрезентација

Виери: Ќе биде тешко да се победи Македонија, притисокот ќе биде неверојатен

Објавено

на

Македонската фудбалска сениорска репрезентација за првпат во својата историја ќе игра бараж натпревари за пласман на Светското првенство кое наредната година се игра во Катар.

Четата на Милевски ќе има тешка задача да избори место на мундијалот затоа што прво ќе треба да слави против Италија во Палермо, а потоа и да го добие победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Меѓутоа нашиот национален тим нема што да загуби во овие битки, односно притисокот ќе биде кај противникот што може да биде голем проблем. Токму за ова говореше легендарниот италијански ас Кристијан Бобо Виери кој смета дека неговите сонародници ќе имаат исклучително тешка задача да не совладаат во месец март на „Ренцо Барбера“.

-Сами се ставивме во голем проблем. Ќе биде многу тешко да се победи Македонија, а потоа Турција или Португалија на гости. Ќе има неверојатен притисок, а со сиот овој притисок е тешко да се игра, -вели некогашниот ас на Милан, Интер, Јувентус, Лацио и Атлетико Мадрид.

-Тоа се момци кои освоија големо европско првенство, ја знаат вредноста и тежината на синиот дрес. Повторувам, потребен ни е чекор понатаму: Европското првенство не беше должно да се освои, доволно беше добар турнир и добар фудбал. Сега треба да поминете низ две рунди наместо, без врева. Италија мора да биде на Светското првенство. Повторувам, притисокот се зголемува и ќе го видеме карактерот на сите момчиња, -дополни славниот Италијанец.

Средбата Италија-Македонија е закажана за 24 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни