Поврзете се со нас

Италија

Виери: Интер може да ја освои Лигата на шампионите, беше рамноправен со Сити во последното финале

Објавено

на

Foto:instagram.com/christianvieri

Кристијан Виери е убеден дека Интер има најдобар и најкомплетен тим во Италија, а покрај за скудетото може да конкурира и за трофејот во Лигата на шампионите.

Поранешниот напаѓач на „нероазурите“ во интервју за италијански медиум зборувал пред дербито меѓу Интер и Јувентус, коментирајќи ги карактеристиките на двата тима.

– Интер може да го освои првенството и Лигата на шампионите, пред се затоа што во финалето со Сити не видов некои разлики меѓу двата тима. И да имаше, тие беа во корист на Интер.

– Инѕаги има најкомплетен ростер во Италија, најдобар тим со долга клупа на која има втора опција за секоја позиција. Ако Димарко е уморен, тука е Карлос Аугусто, ако Барела не може да игра, тука е Фратези… Можат да го повторат, па и да го подобрат резултатот од последното издание на Лигата на шампионите, – рекол Виери.

– Јувентус не е забавен за гледање, јас го критикувам Алегри, но секој има право на свој пристап. Сезонава потешко се дава гол против одбраната на Алегри, Данило, Бремер и Гати се ѕверови. А во контрите располагаат со Влаховиќ и Киеза, тешко е да не примиш гол од ваква екипа, – рекол Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни